Балкански центар за конструктивни политики – Солуција ќе биде името на новото политичко движење или новата невладина организација на Никола Димитров, објави МКД.мк.
Димитров потврди дека се враќа на политичката сена.
„Јас во блиска иднина ќе и обзнанам на јавноста во каква форма ќе делувам. Да видиме колку граѓани има што работата не е добра, колку граѓани има што сакаат во оваа држава да има ред и колку граѓани има што сакаат законот, системот да важи на целата територија и да биде еднаков кон секој граѓанин“, изјави Димитров за ТВ21.
Димитров беше министер за надворешни работи и тој е потписникот на Преспанскиот договор, за решавање на проблемите со Грција и Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија, за решавање на проблемите со Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Никола Димитров се враќа во политика
Фото: МНР