еМагазин
Image default
Македонија

Димитров за “Рекет“ дознал во јуни, со амбасадорот на Латвија не разговарал за аферата

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во интервју за телевизијата Канал 5 вели дека за аферата “Рекет“, разбрал некаде во јуни минатата година кога била веќе отворена предистрагата.

“Имав разговор со нерезидентниот амбасадор на Латвија минатата година и изразив незадоволство што нивниот почесен конзул бил споменуван во истрага, но не разговаравме за случајот кој го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Толку беше, не се спомена ниту „Р“ од „Рекет“. За аферата разбрав некаде во јуни месец, кога веќе била отворена предистрагата од надворешен фактор.

Многу е важно што има ефикасна судска развршница тоа прашање, што има таков фокус и лупа од јавноста. Меѓутоа, исто така, е важно тој случај да не направи да ги заборавиме сите случаи и одговорноста која што ни треба и која што и Европа ни ја бара од индициите за криминалот од прислушуваните разговори. Тоа ни е конкретна задача од Европскиот совет и токму затоа е важен и законот за јавното обвинителство“, рече Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој ја зборува вистината: Знаел ли министерот Димитров за „Рекет“ или не?

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓорѓи Божинов именуван за генерален секретар на Кабинетот на Силјановска

Редакција

Македонските граѓани заглавени во меѓуграничната зона меѓу Хрватска и Србија и меѓу Унгарија и Србија тргнаа кон Македонија

Редакција

Германската невладина организација „Џуст аксес“: Постапките на Бугарија против Македонија претставуваат злоупотреба на меѓународното право

Редакција