еМагазин
Image default
Бизнис

Директорот на Зоолошка градина Скопје, Галетановски поднесе оставка

Директорот на Зоолошка градина Скопје, Ѓорги Галетановски денеска на неговиот Фејсбук-профил објави дека поднесува оставка од функцијата.

Тој упати благодарност за укажаната доверба од страна на поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, како и на сите медиуми, спонзори, донатори, здружениjа за животни, а најмногу, како што истакна, на вработените во ЗОО Скопје, со чија помош дошле на чекор до членство во ЕАЗА (Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми).

– Сакам да ве известам дека денес поднесувам оставка од работното место директор на ЗОО Скопје. Во изминатите три и пол години успеавме рекордно да ја зголемиме посетеноста, да ги изработиме сите проекти кои ги ветивме, донесовме многу нови животни за првпат во нашата држава, а децата добија омилено место за секојдневни прошетки.

Зоолошка градина Скопје стана најпосетена институција во државата, го отворивме и најзелениот Дино Парк со најмногу диносауруси на Балканот со преку 400 дрва и садници.

Успеавме да средиме делови од градината кои со години не биле санирани, ги исчистивме езерата после 13 години, ја отворивме Бејби Зоо и направивме живеалишта за фламинга и пингвини по светски стандарди.

Организиравме многу хуманитарни акции, помагавме секаде каде што можевме и тоа беше нашата најголема сатисфакција за успех, наведе Галетанов.

Тој посочи дека ЗОО Скопје стана прва дигитализирана зоолошка на Балканот, со своја апликација и онлајн продажба на билети.

– Се надевам дека зоолошката ќе продоложи да се развива и да се прават нови проекти со кои ќе се продолжи успехот на оваа институција. Јас денес се враќам на улица, достапен во секое време да придонесам за подобра иднина на државата и младите. Ви благодарам од срце, истакна Галетанов.

Фото: Фејсбук/Галетанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепска Пиварница ќе дели дивиденда од 400 денари по акција

Редакција

КПУ Идризово склучи договор за набавка на храна со „Фодулмак“, вреден 1,1 милион евра

Редакција

„Макпетрол“ ги награди вработените со новогодишен бонус од 30.000 денари

Редакција