еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО

„Диво месо“ ненадминато ремек-дело на македонската драмска книжевност, во издание на ТРИ

Творештвото на Горан Стефановски е задолжително не само за секој читател туку и за секој Македонец. Како што вели Венко Андоновски: „Кој не ја прочитал или не ја гледал на сцена „Диво месо“ – тој како да не живеел за книжевноста и театарот“.

Новото издание на „Диво месо“ со логото на Издавачки центар ТРИ е особено значајно за нив и по еден друг повод – токму оваа книга е нивното 1.000-то самостојно издание од почетокот на формирањето во 1999 година.

Со секоја прочитана книга од Стефановски одново сфаќаме зошто тој го промени текот на македонската книжевност. Стилски совршена, пишувана како огледало на денешните вредности, кај секого буди поттик да сврти нова страница. Сè додека не стигне до крајот на пиесата, каде што е почетокот на дејствувањето. Книга-будилник што ни кажува дека ние го создаваме домот – а домот се создава во нас.

Со сета скриена и откриена симболика во ова ненадминато ремек-дело, Стефановски ни остави аманет што може да нè промени од корен. На тој начин, да ни го спаси коренот.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лингвистите од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ бараат со Бугарија да не се преговара за јазикот, нацијата и историјата

Редакција

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ продолжува со кампањата „Читаме современи македонски автори“

Редакција

Британски туристи шест дена поминаа 230 километри во јавање коњи на Галичник

Силвана Жежова