еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поскапува за два денари, цената на бензините останува иста

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за два денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 78,5 денари за литар, Еуросупер БС – 95 и понатаму ќе се продава за 85,5, а Еуросупер БС – 98 за 87,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), пак, се зголемува за 2,5 денари за литар и ќе изнесува 78 денари.

Со одлуката на РКЕ за 1,489 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе се продава за 45,031 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,323 отсто, додека кај дизелот има зголемување за 4,575, кај екстра лесното масло за 4,647 и кај мазутот има зголемување за 3,754 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,486 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз ер“ објави 100.000 билети од и до Дормунд за 9,99 евра

Редакција

Надминат проблемот со ИТ системите, кој предизвика хаос низ светот

Редакција

„Добитници“ и „губитници“ на Македонската берза во февруари

Редакција