еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска одлучи дека нема нерегуларности при исплатата на субвенции на тутунарите

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 18-та седница одлучи дека нема нерегуларности во предметот што се однесува за исплатата на субвенции на тутунарите од Агенцијата за поддршка на земјоделството и предметот за вработен во Министерството за финансии што во работно време е фотографиран во штаб на еден претседателски кандидат за време на изборите.

На денешната седница ДКСК постапуваше по вкупно 14 предмети од областа на спречувањето на корупцијата и по 17 предмети за можен судир на интереси. За повеќе предмети ДКСК одлучи да се затворат и архивираат со образложение дека по добиените информации не биле утврдени нерегуларности, а за еден зошто не е во нивна надлежност да одлучуваат.

ДКСК донесе одлука да се отвори предмет и да се поднесат барања до надлежните инстанци за дополнителни информации по повеќе предмети и тоа по пријава за реализација на градежни работи без договор за градба за време на избори, за градоначалник кој склучувал договор со осигурителна компанија во која е вработена неговата жена, за пријава за директор на здравствен дом кој си го вработил внукот како возач, како и за можни нерегуларности на начинот на поставување на в.д. директори на повеќе клиники.

Во однос на предметите за кои има конечни одлуки, а кои се однесуваат на изборниот период реферираше Софка Дојчиновска.

Според Дојчиновска во однос на првиот предмет исплатите се сметаат за редовни согласно годишната програма за исплата на субвенции, додека во втората претставка рече дека врз основа на добиените одговори од Министерството не се потврдиле наодите од пријавата и дека според добиениот одговор лицето било ангажирано како консултант на проект и дополнително користел денови од годишен одмор за време на наводната снимка во штаб на еден претседателски кандидат.

– Врз основа на податоците од Агенцијата за поддршка на земјоделството не се потврдува нашето сомневање за нерегуларности при исплатата на субвенции и предлагам да се затвори бидејќи нема елементи за наводното дело, изјави Дојчиновска.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прекршочна за градоначалникот на Неготино од Антикорупциска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 2.354: Од Ковид-19 починаа 14 лица

Редакција

Анкета: Граѓаните со ниска доверба во институциите и политичките партии, најмногу им веруваат на верските заедници и на војската

Редакција

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини: На врвот Чаир, Гази Баба, Аеродром

Редакција