еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дојава за бомба и на скопскиот аеродром, откажани се сите летови

Дојави за бомби утрово биле испратени до хотелот „Александар Палас“, Меѓународниот аеродром – Скопје, „Ист гејт мол“ и средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.

Од „Александар палас“ се евакуираат гостите и вработените. Откажана е и денешната годишната конференција на Стопанската комора на која требаше да се обрати премиерот Димитар Ковачевски.

Меѓу учесниците на конференцијата во „Александар Палас“ беа и министрите за економија Крешник Бектеши и за финансии Фатмир Бесими.

Ова е прв случај на дојава за поставена бомба на настани на кои предвидено е да присуствуваат политичари.

Се евакуираат патниците и вработените и на Скопскиот аеродром. Откажани се сите летови и повикана полицијата да изврши проверка.

Привремено е затворен и се вршат проверки и во „Ист гејт мол“.

Деновиве цел на дојави за бомби, покрај училишта, се и институции, трговски центри и други објекти.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани досега рекордни 49 дојави за бомби, за кои од полицијата по проверките посочија дека се лажни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојава за бомби и во “Мериот“, ФФМ, салата „Борис Трајковски“, 10 скопски и за првпат и во битолски училишта

Прва дојава за бомба на настан на кој требаа да учествуваат премиерот и министри во Александар палас

Закани за убиства на невини луѓе, до „северномакедонската“ влада, премиерот и неговата партија во дојавата за бомба во Куманово

МИА/Фото: ТАВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Аудио) „Го ставив во притвор Владимир Атанасовски и два месеци намерно го заборавив“: Протече аудио-снимка во која наводно зборува обвинителката Русковска

Редакција

Дебакл на Меркел за македонското прашање: Проширувањето на ЕУ преоѓа во рацете на Португалија, па на Словенија…

Редакција

На судењето за несреќата кај Ласкарци сведочеше вештакот Зекири

Редакција