еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

До средината на март ќе бидат затворени поголемите хотели на охридско-струшкото крајбрежје

Поголемите хотелски капацитети на охридско-струшкото крајбрежје се затворени. Дел од вработнете во туристичкиот сектор користат годишен одмор, а останатите седат дома и примаат 70 проценти плата, потврди претстедателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески.

Една од причините, кои доведоа до ставање клуч на врата од јануари до средината на март, според него, се високите сметки за електрична енергија и трошоците во месеците кога интересот за хотелските услуги е минимален.

– Сите вработени се на платен список. Повеќето користат годишен одмор, земаат цела плата, ќе влезат некој ден во минус кој ќе го одработат понатаму. Се работи за вработени кои работеле многу години во секторот, информира Блажески.

Повторно отворање најави за средината на март, кога почнува сезоната на семинари, а потоа од април се очекуваат и првите туристи од Полска, Холандија….

Интересот за летување на охридското крајбрежје, посочи дека е ист како и претходните години, но очекува подобра туристичка сезона од минатата, кога имаше ковид- пандемија.

– Интересот е како минатите години. Договорите со странските тур-оператори остануваат, нема видливо зголемување. Со оглед на сите поскапувања, во енергијата, храната и се останато и цените на сместувачките капацитети, остануваме како поевтина дестинација од соседството, истакна Блажески.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонско катче во Националната библиотека во Осло: Ротари клубoт „Камен Мост Скопје“, Данскиот и Норвешкиот конзулат во Скопје донираат 377 книги на македонски јазик

Редакција

Европа ќе бара од САД да се снабдува со течен гас, за да се намали увозот од Русија

Редакција

Кој ќе добие по 1.000 евра за набавка на клима инвертери?

Редакција