До среда времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Според УХМР, денеска околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе се движи од 26 до 34 степени. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и во скопската котлина, а во некои делови ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на невреме.