еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Добивката на НЛБ Банка за шест месеци пораснала за 60,2%

Во периодот од 01.01.2021 до 30.06.2021 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2021-та година, прилагодувајќи го работењето на изменетите пазарни услови поради пролонгираната пандемија од Ковид-19, која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија, иако во вториот квартал од годината беа направени делумни олабавувања на рестриктивните мерките, информираат од Банката преку Македонската берза.

“Во такви услови, целта на Банката, како една од водечките финансиски институции, е да ја зачува високата ликвидност и солвентност, да го задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди и да обезбеди финансиска поддршка на клиентите.

И во првата половина од 2021 година, Банката продолжи да остварува позитивни резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со продукти и платни сервиси.

Во овој период, Банката се насочи кон имплементација на стратешките иницијативи во инвестиции во дигитализација и нови технологии, со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како поедноставни, поевтини и побезбедни начини на извршување на банкарските трансакции.

Инвестициите во дигитализацијата, подобрениот квалитет на средствата, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати во изминатата година, во првиот квартал од 2021-та беа наградени од: финансискиот магазин ЕМЕА на Europe Banking Awards 2020, каде НЛБ Банка АД Скопје e избрана за Најдобра банка во C. Македонија.

Заклучно со 30.06.2021 година билансната сума изнесува 100.513.734 илјади денари, односно се зголеми за 3.968.521 илјади денари или 4,1% во однос на 31.12.2020 година.

Паричните средства и паричните еквиваленти изнесуваат 18.795.417 илјади денари и бележат зголемување од 6,9% во однос на 31.12.2020, заради зголеменa состојба на краткорочни депозити во банки.

Кредитите и побарувањата од банки бележат намалување од 502.011 илјади денари во однос на 31.12.2020.

Вкупните кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 60.425.121 илјади денари и бележат зголемување од 4,2% во однос на 31.12.2020.

И покрај продолжената ситуација со Ковид-19 во земјата, кредитирањето кај домаќинствата се зголеми и тоа во сегментот кредити за домување и потрошувачки кредити.

Вложувања во хартии од вредност изнесуваат 17.327.055 илјади денари и се зголемени за 5,9% во однос на 31.12.2020, како резултат на зголеменото вложување во еврообврзници.

Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања во однос на 31.12.2020 година се намалени за 1,2%. Намалувањето се должи на редовни годишни исправки на вредноста на нефинансиските средства согласно регулативата на НБРСМ.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката се зголемени 8,2% и изнесуваат 14.514.091 илјади денари“, велат од Банката.

Нето каматните приходи, заклучно со 30.06.2021 година се пониски за 0,3% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 2,9%, главно поради пониски каматни приходи од секторите нефинансиски правни лица и население, додека расходите по камати се пониски за 20,4%, главно поради пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување, велат од Банката.

“Нето приходите од провизии се повисоки за 15,4% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 24,5% како резултат од зголемени приходи од ПОС терминали, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и повисоки приходи од трансакциски сметки.

Расходите за провизии се зголемени за 40,9%, главно поради повисоки расходи за картично работење и повисоки расходи за кеш центар.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 672.737 илјади денари и се повеќекратно зголемени во однос на истиот период претходната година, главно поради остварени повисоки наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население како и поради зголемени приходи од курсни разлики.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 2.714.368 илјади денари и се повисоки за 24,1% во однос на истиот период претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.022.316 илјади денари и се зголемени за 9,6%, при што трошоците за вработени се повисоки за 4,5%, трошоците за амортизација се повисоки за 13,5%, останатите расходи од дејност се повисоки за 14,0% во однос на истиот период претходната година.

Заклучно со 30.06.2021, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 435.358 илјади денари или 4,1% помалку во однос на истиот период претходната година соодветно на структурата и квалитетот на кредитната изложеност.

Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 1.472 илјади денари.

Бруто добивката на Банката заклучно со 30.06.2021 година изнесува 1.255.222 илјади денари и е зголемена за 60,2% во однос на истиот период претходна година.

Нето добивката на Банката заклучно со 30.06.2021 година изнесува 1.129.700 илјади денари и е зголемена за 60,2% во однос на истиот период претходна година“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Андреја Стражишар именувана за член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

НЛБ Банка и Visa со многу изненадувања по повод Олимписките игри

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „поцрвене“ за аудио-снимките од Ел Чека: „Со бомби дојдоа, со бомби ќе си одат“

Редакција

Потребно е достоинствено европско решение за спорот и деблокирање на преговорите, констатираа Ковачевски и Борел во Брисел

Редакција

Finance Think: Компромитирана мерката за финансиска поддршка, можно максимизирање на отпуштањата

Редакција