еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Доколку државата седи со скрстени раце, другите производители ќе го платат „цехот“ на „Нефа мебел“

Не стивнуваат реакциите во јавноста по големата измама во „Нефа мебел“ во која граѓани од повеќе градови низ земјава кои платиле за мебел останаа со празни раце.

Зачудува што засега нема официјална реакција од надлежните органи иако измамата прв пат била пријавена уште пред неколку дена.

Оштетените лица и воопшто македонските граѓани на социјалните мрежи прашуваат каква е заштитата на купувачите од ваков вид измами и дали тие самите преку тужби против лицата-сопственици кои веќе ја напуштиле земјава или воопшто не стапнале во нашата држава треба да бараат обесштетување и одговорност.

Останува впечатокот дека доколку државата седи со скрстени раце иако се знаат виновниците за оваа афера во иднина цехот за измамата во „Нефа мебел“ ќе го платат другите домашни и странски производители во земјава кои ќе треба да ја повратат загубената доверба во системот за заштита на потрошувачите и воопшто во државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кој стои зад измамата во „Нефа мебел“ која ја тресе Србија и Македонија?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството ги офрли кривичните против поранешниот директор на Финансиската полиција, Арафат Муареми

Редакција

Акциите на Макпетрол, Алкалоид и Комерцијална банка најтргувани на Македонската берза

Редакција

Ременски, Боки 13, Мандиќ на суд: Почнува судењето за случајот „Меѓународен сојуз“

Редакција