еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Доколку не се изгласа недоверба на Владата, наредните три месеци не може повторно да се гласа, вели Џафери

Доколку не и се изгласа недоверба на Владата, наредните 90 дена не може да има повторно гласање за ова прашање, изјави во Клик Плус на ТВ 21, собранискиот спикер Талат Џафери.

– Јасни се процедурите. Има седница закажана во четврток. Седницата мора да има епилог. Епилогот може да биде, се гласа недоверба – паѓа Владата, не се гласа недоверба – не паѓа Владата.

После тоа наредните 90 дена не може да има повторно гласање за недоверба. Затоа е даден рок од 90 дена, рече Џафери.

Процедурата, како што посочи е отпочната и појасни дека ако сега се повлече барањето за гласање на недоверба на Влада, нема право за повторно барање за гласање недоверба во наредните 90 дена.

Седницата за гласање на доверба на Влада е закажана за в четврток во 11 часот.

Според Џафери премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев направил добро што не се повлече од функциите.

– Ова го кажувам како дел од актуелното мнозинство. Не треба да се води од моментални емоции. Треба да се координира и да продолжи да ги води институциите.

Не треба да носи емотивни одлуки, има одговорност да ја води Владата, институциите треба да функционираат нормално. Ова е враќање назад. Правиме еден чекор напред, два назад, рече Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раководството на СДСМ едногласно одлучи Заев да ги одложи оставките од премиер и лидерското место во партијата

Двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во изолација, но во четврток ќе дојдат во Собранието за гласањето за доверба на Владата

Џафери за четврток ја закажа собраниската седница за доверба на Владата

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фармацевтските компании „трагично потфрлија“ во одговорот на глобалната криза со Ковид-19, оцени Амнести интернешнл

Редакција

Денеска почнува „Самит Македонија 2025“

Редакција

(Галерија) Винарија Камник одбележа 20 години постоење – две децении посветеност на уметноста на производство на вино

Редакција