Доктор Нико Беќаровски на неговиот Фејсбук-профил се осврна на ситуацијата со вакцинирањето во Македонија и Балканот, споредувајќи ја состојбата со таа во Индија, каде што пред само неколку месеци имаше масовно умирање од Ковид-19.
„Се сеќавате на траорните слики кои ни доаѓаа од Индија пред 9 месеци??? Вчера во Индија беше аплицирана милијардитата доза на вакцина. Во Индија се користат вакцините Covishield (AstraZeneca), Covaxin (Sinovac) и SputnikV.
Денес Индија има 10-12 новозаболени на милион жители и 150-200 починати на 1.2 милијарди жители. (t.e. 0,2-0,6 на милион).
Индија е првата земја која ја има лиценцата за новиот лек за Ковид-19 (Молнупиравир) и за разлика од цената која ја понуди Merck (600 долари), нивниот лек ќе биде само 25 долари.
Индиска мудрост наспроти балкански менталитет,“ пишува Беќаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Беќаровски