Проливот, гадењето и повраќањето многу често се првиот симптом дека сте заразени со омикрон БA-5, пишува доктор Нико Беќаровски на неговиот Фејсбук-профил.
„Дури 50% од заболените со овој сој порани или покасно во текот на болеста манифестираат гастроентероколитичен синдром.
Затоа, ова лето при појава на овие симптоми не “ја напаѓајте веднаш расипаната храна која сте јаделе тој ден” и избегнувајте неколку дена контакти со постарите и болни членови од Вашето семејство,“ пишува тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Официјално во Македонија детектирана БА 5 варијантата на омикрон, присутна е во неколку градови
Кои се симптомите на новите соеви на омикрон БА 4 и 5
Фото: Беќаровски/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.