Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во гостувањето на „Утрински брифинг“, осврнувајќи се на актуелната состојба со Ковид-19, зборуваше за тоа, кои грешки ги направивме што придонесе бројот на заболени од вирусот постојано да се зголемува.
„Човек кој има пиљара кашла, се тестира позитивен и целата неговата фамилија е позитивна. Но, не може да ја затвори пиљарата, зошто му е извор на егзистенција. Оди на лекар и не кажува дека е болен. Тоа се луѓе кои системот не ги регистрира како ковид позитивни.
За некои работи навистина се однесуваме како стадо. Сабота недела гледаме шпанско, италијанско, англиско превенство, преполни стадиони, а таму смртноста е помала поради добро спроведена вакцинација.
Кај нас е поголема, а причината е многу едноставна, прво кога дојдоа вакцините сите прашувавме за нејзината ефикасност,“ вели д-р Беќаровски, кој додава дека бројките на новозаразени ќе растат, а кластерите од политичките митинзи ќе се видат за 15 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Беќаровски