Матичниот лекар Ненад Лазаров јавно ги повика и прозва лабораториите кои работат ковид-тестови да се приклучат на акцијата и да донираат, кој колку милува, бесплатни тестови за најранливи категории граѓани.
„Огромна популација наши сограѓани не може да си дозволи! Лично ќе се погрижам да стигнат на право место и фер дисперзирани,“ напиша Лааров на неговиот фејсбук-профил.
Две лаборатории „Авицена“ и „БиоТек“ веќе се одзвале на повикот.
Тестовите ќе бидат дадени на матични лекари кои, според Лазаров, најдобро знаат каде да ги употребат.
Слична ваква акција, Лазаров организираше и со донации на витамини од страна на аптеките, за најранливите категории на граѓани.
Најголем дел од тестовите се прават на приватно, бидејќи на државно, ретко се наоѓаат термини за брзо тестирање на пациентите. Еден ПЦР-тест чини 2.000 денари.