еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Доктор Пановски: После втора доза на „АстраЗенека“ не се забележани несакани реакции

Микробиологот Никола Пановски во изјава за „еМагазин“ вели дека до сега не се забележани несакани реакции по втората доза на „АстраЗенека“, кои се животозагрозувачки, односно како тромбозата.

Тој додава дека тромбоза, вообичаено се случува по примена прва доза, а не се забележани случаи на тромбоза по втора примена доза.

Оттука, не постои никаква пречка за ревакцинација со „АстраЗенека“ и кај лица помлади од 60 години, кои доколку се вакцинирале во Србија, повторно ќе треба да се ревакцинираат таму, бидејќи во Македонија „АстраЗенека“ не се аплицира на возраст под 60 години.

Според Пановски, овие лица може да се ревакцинираат со „Фајзер“ и тоа според истражувањата, дава одлични резултати. Но, тоа треба да го обезбеди државата.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека можно е ревакцинацијата на македонските граѓани да биде некаде поблиску до границата или во Ниш или во Врање, но за тоа дополнително ќе се соопшти.

Најголемиот од дел од македонските граѓани треба да се ревакцинираат во Србија од периодот од 17 до 20 јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче договара со Лончар, ревакцинирањето на македонските граѓани да биде во Ниш или Врање

Доктор Пановски: Вакцините може да се мешаат, прва доза „АстраЗенека“, а втора „Фајзер“ дава одлични резултати

Само лицата над 60 години кои се вакцинираа во Србија со „АстраЗенека“, ќе се ревакцинираат во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието ги констатираше оставките на Ковачевски и Џафери: Јован Митрески е нов спикер

Редакција

Анализа: Во сообраќајни несреќи по нашите патишта, животот го губат 158 лица годишно

Редакција

60 тужби за „Лореал“ во кои се тврди дека производи на компанијата предизвикуваат рак и други здравствени проблеми

Редакција