За Дојче веле, докторот Никола Пановски вели дека коронавирусот со сите почести е пречекан од нашите власти, но и од неодговорноста на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Караџовски: Имаше илјадници венчавки, на кои некои заборавија дека вирусот посто
“Деновиве медиумите пренесоа изјава на лице од Комисијата за заразни болести, со став дека во Комисијата сметале оти не требало да се доволи такво нешто. Зошто не реагирале веднаш? Јас да сум во Комисијата ќе се спротивставам, јавно ќе кажам.
Да не беше таа изјава, немаше да знаеме дека Владата не ги послушала нивните препораки да не се дозволуваат свадби во затворени простории во текот на летото.
За жал, вирусот со сите почести е пречекан од нашите власти, но и од неодговорноста на граѓаните.
Немаше ни контрола на границите за граѓани кои доаѓаат од земји со висока трансмисија на Делта сојот. Немаше ни реципроцитет во мерките. Ние за патување во Грција и Бугарија требаше да се тестираме, а не и тие за влез кај нас, во време кога во Грција имаше и по 5.000 регистрирани случаи на ден“, вели Пановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор Пановски за СП: Вакциниран граѓанин со една доза е исто како невакциниран