еМагазин
Бизнис

Долгорочна суспензија од котација на Македонската берза на охридски Трудбеник

Од Македонската берза информираат дека согласно Одлука на Одборот на директори на Берзата, на друштвото Трудбеник АД Охрид, котирано на Официјалниот пазар на Берзата, на подсегментот Задолжителна котација, му е изречена мерка долгорочната суспензија од котација, поради континуирано неисполнување на обврските согласно Правилата за котација.

“Мерката долгорочна суспензија од котација се изрекува за период од најмалку 30 дена од денот на суспендирање (26.05.2021 година), и трае до отстранување на причините поради кои е изречена оваа мерка.

За времетраењето на долгорочната суспензија од котација издавачот Трудбеник АД Охрид не го губи статусот на котирано друштво, но е должен во односите со трети лица и во јавноста да истакнува дека е долгорочно суспендиран од котација на Берзата.

Воедно, за времетраење на мерката долгорочна суспензија, Трудбеник АД Охрид нема постојани обврски за известување согласно Глава VI од Правилата за котација.

За времетраење на мерката долгорочна суспензија, хартиите од вредност издадени од Трудбеник АД Охрид се тргуваат на Редовниот пазар на Берзата, на подсегментот Слободен пазар, при што за издавачот важат законските обврски за известување за тој подсегмент.

Со донесената Одлука за долгорочно суспендирање од котација се укинува Одлуката од 09.11.2020 година за внесување на Трудбеник АД Охрид на Листата на набљудување и врз основа на тоа издавачот се брише од Листата на набљудување“, велат од Берзата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Групацијата Трафигура го зголеми влогот во проектот за бакар Иловица – Штука

Редакција

Блок 3 на РЕК Битола ќе биде плански исклучен од мрежа

Редакција

Топ пет најтргувани акции на Македонската берза

Редакција