еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Долгот ќе и го платиме ние: Железници Транспорт поради долг остана без струја, па повторно доби

Железници Транспорт на РСМ АД Скопје напладне повторно доби струја, откако изутрината ЕВН поради долг за неплатени сметки ги исклучи од мрежата објектите на државното железничко претпријатие кај депото во скопско Лисиче и во Велес.

Информацијата дека повторно има струја ја потврдија од ЖРСМ Транспорт, од каде велат дека прекинот на напојувањето со струја не се одразил на одвивањето на железничкиот собраќај, иако постоеше таква опасност со оглед дека струја им е потребна за пумпите за нафта.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претходно во изјава за медиумите најави дека Железници ќе има струја и повтори дека долгот кон ЕВН за неплатените сметки на одредени државни институции ќе биде подмирен веднаш штом во Собранието ќе помине најавената пренамената на средствата од Буџетот.

Според него, не треба никаква друга гаранција дека тоа ќе се исполни, бидејќи веќе го најавија и премиерот Димитар Ковачевски и други членови на Владата.

– Сметам дека веќе во овој момент во „Железници Транспорт“ има струја. Владата не е ниту договорна, ниту облигациска страна кон ЕВН и ако ЕВН не сфаќа дека Владата не е тука страна која дава гаранции, тогаш ЕВН има навистина проблем со толкување на нивното функционирање во нашата држава.

Премиерот, вицепремиерот и министерот за финансии кажаа дека ќе се платат долгови кон ЕВН и тоа е сосема доволно за било кој економски оператор да сфати дека тоа е Влада и држава и оти не треба никакви други гаранции, рече вицепремиерот Битиќи во одговор на новинарско прашање зошто досега Владата не испратила гаранција до ЕВН дека ќе го подмири долгот, откако изутрина беше исклучена струјата во „Железници Транспорт“.

ЕВН има даде рок до 15 овој месец на повеќе институции да го платат долгот за потрошена електрична енергија, меѓу кои се и Клиничкиот центар и „ЖРСМ Транспорт“ и други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе остане ли и Клинички центар без струја, Ковачевски тврди оти не

МИА/Фото: Македонски железници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

191 се реинфекции, едно лице се заразило по третпат: 1.493 нови случаи на Ковид-19

Редакција

„Политико“: Европа во војна за вакцини против Ковид-19 со фармацевтските куќи

Редакција

Димитров: Постои обврска и Бугарија да не се меша во внатрешните македонски работи

Редакција