еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Донација на Comodita Home на Клиниката за државна кардиохирургија

Comodita Home донираше душеци, перници и постелнини на ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија. Со оваа акција се продолжува хуманата мисија под слоганот „Секој сон е важен”!

Со донацијата на ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија, Comodita Home ја продолжува својата хумана акција на донации на над 1500 душеци, а донацијата е во вредност од над 100 000 евра!

Comodita Home е на пазарот на Македонија од 2019 година а во месец октомври официјално веќе се отвори и 20-от продажен центар, во новиот East Gate mall.

„Ние денес продолжуваме со хуманата акција и донацијата ја спроведуваме на ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија. Прво ќе наведам дека сум свесен дека кардиоваскуларните заболувања се помеѓу водечките причини за смртност во светски рамки, а кај нас во Македонија се причина број еден.

Најчесто причина е стресот и животен стил кој не му дозволува на поединецот да се смири, релаксира и да го забави темпото. Токму затоа е потребен и квалитетен одмор, добар сон, а ние од Comodita Home располагаме и со квалитет, но и огромна желба да помогнеме и да делуваме општествено одговорно,“ изјави Харитон Гаџоски од Comodita Home.

Посебна гордост на  брендот се токму душеците кои се сопствено производство на Comodita Home. Фабриката за производство на душеци на Comodita Home е фабрика со еден од најголемите капацитети за производство во светот. Comodita Home располага со душеци, тестирани и сертифицирани од виско-стручни лабаратории.

Лицата со здравствени проблеми, возрасните граѓани, дечињата од социјално загрозените категории но и сите останати заслужуваат убав и спокоен одмор. Токму под слоганот „Секој сон е важен”, Comodita Home помага секаде каде што е потребна наша помош.

„Нашата стратегија за помош на здравствените институции внимателно ја подготвивме и ќе ја реализираме до крајот на годинава. По донацијата на Детска Клиника Козле, акцијата на  Comodita Home продолжи и во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември” – Скопје, Градска oпшта bолница-Хирургија Св.Наум Охридски а наша последна реализирана донација на 16 ноември е на ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија.

Нема да застанеме тука, во план ни се донации на над 1.500 душеци и во Ковид-центри, СОС детско село, Црвен Крст, а целокупната финансиска вредност на нашата донација е над 100.000 евра.

Со овој наш потег им помагаме на нашите сограѓани а сметаме и дека нашиот хуман гест ќе биде поттик и за други компании да бидат општествено одговорни и да помагаат секоја во рамки на својот ресор на делување и своите можности,“ додаде Гаџоски.

ПР-ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) НЛБ Банка со нова современо опремена експозитура во Тафталиџе

Редакција

Преку A1 WayUp до кариерен пат и вештини на иднината

Редакција

Од 8-ми октомври започнува официјалната програма на КИНЕНОВА на Телевизија 24

Редакција