еМагазин
Image default
Да помогнеме

Донациите во солидарниот фонд Ковид-19 се ослободуваат од ДДВ

Владата на денешната 41-ва седница донесе уредба со законска сила со која се ослободуваат од данокот на додадена вредност донациите во солидарниот фонд за справување со последиците од Ковид-19.

Согласно донесената уредба за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба се утврдува ослободување од данокот на додадена вредност за прометот на добра и услуги кои како донација се дадени на буџетски корисници како и прометот на добра и услуги извршен кон буџетски корисници остварен со донирани финансиски средства.

Прометот кој се ослободува од данок на додадена вредност со оваа уредба е со цел поедноставување и олеснување на процесот на донации остварени кон буџетски единици.

– Со цел поголемо стимулирање на потенцијалните даватели на донации кон буџетските корисници прометот остварен кон примателите на донации – буџетски корисник, се ослободува од данокот на додадена вредност со право на одбивка од претходен данок под услов давателот на донацијата да поседува потврда за примена донација од страна на примателот на донацијата, информираат од владината прес-служба.

Прометот на добра и услуги кој се реализира од донирани финансиски средства се ослободува од данокот на додадена вредност доколку примателот на донацијата – буџетски корисник достави изјава дека прометот се реализира со донирани финансиски средства.

Даночните обврзници исто така ќе имаат право на одбивка доколку се исполнети условите пропишани во Законот за данокот на додадена вредност.

Вршителот на прометот односно давателот на донацијата од оваа предлог уредба се должни да водат евиденција за прометот на добра и услуги кон буџетскиот корисник-примател на донацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Врз Ангел падна лулашка тешка 110 килограми, потребни се средства за лекување

Редакција

(Фото) Се бара хакер да го хакне телефонот на исчезнато момче, мајката моли за помош

Редакција

Корчагинци преку хуманитарна претстава ќе собираат финансиски средства за лекување на соученик

Редакција