еМагазин
Македонија

Досега аплицирани 175.348 дози вакцини, вчера се вакцинирале 14.548 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 175.348 дози вакцини, а ревакцинирани се 25.648 граѓани, информираше на неговиот Фејсбук-профил, министерот за здравство Венко Филипче.

„Вчера вкупно се вакцинирале 14.548 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.751 граѓани,“ напиша Филипче.

Тој посочува дека желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk изразиле 330.513 граѓани.

„Пријави се на vakcinacija.mk  бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација,“ апелира Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За убиството на докторот Ацо Трпковски извршен разговор со над 15 лица, прегледани и над 40 видео снимки

Редакција

Од невладината на Боки 13 велат дека не се измамници

Редакција

Османи да ја покани бугарската колешка да клекне пред споменикот во Ваташа и да се извини, повика Мицкоски

Редакција