еМагазин
Image default
Бизнис

Досега исплатени 3,2 милијарди денари за обештетување на штедачите во Еуростандард банка

Фондот за осигурување на депозити ја информира јавноста дека од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување до денес се исплатени вкупно 3,2 милијарди денари, што претставува близу 77% од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување.

„Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено и исплатата на истите се врши директно преку Фондот за осигурување на депозити.

Наследниците ја доставуваат целокупната документација по електронски пат до Фондот, по што Фондот изготвува потврди за обесштетување на депоненти и врши директна исплата на наследниците од сметката на Фондот.

До денес се исплатени близу 10 милиони денари по основ на обесштетување на наследници на депоненти на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај“, велат од Фондот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Во обраќањето за 85. роденден на Алкалоид, Мукаетов им се заблагодари на сите генерации вработени во компанијата

Редакција

„Жикол“ го доби тендерот на општина Богданци за реконструкција на локален пат вреден 345.000 евра

Редакција

Летовите не се откажани, но сообраќајот моментално е запрен, велат од ТАВ Македонија

Редакција