еМагазин
Image default
Македонија

Досега вакцинирани 2.680 здравствени работници

Вакцина против Ковид-19 до денеска до 13:30 часот примиле 2.680 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава ги доби како донација од Србија.

Преку веб-страницата vakcinacija.mk за вакцинација досега се пријавиле 71.900 граѓани, а 46.414 преку матичен лекар. Од вкупно пријавените 118.314 граѓани за вакцинација, 56.784 граѓани се на возраст над 70 години, посочија од Министерството за здравство.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таравари обвинува дека власта нудела пари на пратениците за обезбедување на мнозинство, Заев се закани со тужба

Редакција

Пендаровски: Ни Бугарија не спори дека Михајлов бил соработник на Хитлер, лага е дека 10 илјади лица биле убиени во Македонија затоа што се нарекувале Бугари

Редакција

Обвинителство ги проверува предметите за Мерко во обвинителствата во Струга и Битола

Редакција