Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 22 до 28 февруари покажуваат зголемување од 56,4% на бројот на заболени од Ковид-19 во Македонија.
„Тестирани се вкупно 20.161 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 27,2% во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 3.628 нови позитивни случаи од 32 градови во државата со зголемување од 56,4% во однос на минатата недела.
Процентот на позитивност се движи од 12,0 до 21,7%, просечно 17,9%.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.675; 46,2%), со неделна инциденца – 271,2/100.000.
Највисока неделна инциденца од 681,1/100.000 е регистрирана во Неготино и Кавадарци (641,4/100.000)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За една недела 249 лица на возраст до 19 години заболеле со Ковид-19
4 лица биле на возраст од 30 до 49 години: За една недела 69 смртни случаи од Ковид-19
фото: МЗ