еМагазин
Image default
Локално

Дрско однесување на негувателка во градинка, вонреден инспекциски надзор во „Буба Мара“

Одделението за инспекциски надзор на дејноста заштита на децата од Министерството за труд и социјална политика, во моментот врши вонреден  надзор во градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче, информираат од МТСП.

„Надзорот се прави откако родител на дете кое што ја посетува градинката во Министерството испрати писмо во кое што тврди дека негователките несоодветно и дрско се однесуваат со децата. Министерството за труд и социјална политика итно реагираше со цел да го расветли случајот во најкраток можен рок. Доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира било какво несоодветно однесување со децата во градинките. Во најбрз рок ќе ја известиме јавноста за наодите и следните чекор во однос на овој случај“, се вели во соопштението на МТСП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за охриѓанец кој тепал браќа во казино

Редакција

Континуирано силувале малолетничка

Редакција

Исчезна 12-годишно дете од Штип

Редакција