еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Државите ги затвораат границите: Јапонија и Мароко поради „омикрон“ забрануваат влез на странци

Соочена со новиот сој на коронавирусот, омикрон, Јапонија од утре ќе ги затвори границите за странци, изјави премиерот Фумио Кишида.

– Ќе забраниме секаков прием на странски државјани од целиот свет од 30 ноември, изјави Кишида.

Тој додаде дека целта е да се избегне најлошиот тек на настаните, и оти тоа е привремена мерка.

– Новите ограничувања се воведени три недели откако Јапонија укина дел од ограничувањата, дозволувајќи им на странски работници и студенти да влезат во земјата, како и на оние кои пристигнуваат на кратки деловни посети.

На Јапонците кои се враќаат од одредени земји ќе им биде дозволен влез во земјата, но ќе мора да бидат ставени во карантин, додаде премиерот.

И Мароканските власти од денеска ќе ги суспендираат сите летови кои пристигнуваат од целиот свет на две недели поради омикрон, нов сој на Ковид-19. Привремената забрана ќе трае две недели, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на здравствениот комитет.

– Одлуката е одговор на „брзото ширење“ на Омикрон, особено во Европа и Африка, објаснуваат здравствените власти. Тие наведуваат дека редовно ќе ја проценуваат состојбата за доколку има потреба да се менуваат мерките.

Сојот наречен Омикрон од Светската здравствена организација (СЗО), ги доведе во прашање глобалните напори за борба против пандемијата бидејќи постои стравување дека Б.1.1.529 е многу заразен, што поттикна многу земји повторно да воведат мерки. Оваа нова варијанта има најмалку 10 мутации, за разлика од Бета, која има три или делта со две мутации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Болки во телото и екстремен замор кај помладите, опасен за постарите: Кои се симптомите на омикрон, новата варијанта на Ковид-19

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кабинет на Заев: Доколку Димитров е против што било од позициите кои сме ги изградиле заедно, чесно е да го каже тоа и да објасни зошто

Редакција

Од фудбалер до вечен претседател: Кој е Реџеп Таип Ердоган

Редакција

(Фото) Таравари единствен градоначалник во Македонија кој директно работи на проблемот со кучињата скитници

Редакција