еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Штедачи „заборавиле“ да побараат обесштетување во вкупен износ од 2,4 милиони евра

Со пропаѓањето на Еуростандард банка бројот на затворени банки и штедилници во Македонија се зголеми на 12.

Од формирањето на Фондот за осигурување депозити во јануари 1997 година до 30.06.2019 година, се случиле вкупно 11 ризични настани односно згаснале 4 банки и седум штедилници.

Вкупната пресметана обврска за обесштетување од единаесетте поранешни членки на Фондот изнесува 1.522.800.000 денари (24 милиони евра).

Од 1997 година до 30.06.2019 година се обесштетени вкупно 20.073 штедачи во вкупен износ од 1,3 милијарди денари (22,3 милиони евра) што претставува 90,2% исплатени обврски од Фондот за обесштетување кон штедачите.

Останатите 9,8% претставуваат обврска за обесштетување во вкупен износ од 149,9 милиони денари (2,4 милиони евра) кон 101.878 штедачи кои од лични причини не го оствариле своето право на обесштетување од Фондот.

„Анализата на структурата на овие штедачи укажува дека над 50% од нив имаат поединечни депозити – предмет на обесштетување помеѓу 100 денари и 1.000 денари кои можеби поради неатрактивноста на износот и покрај бројните јавни повици за можноста да го остварат своето право на обесштетување сепак истото не го остваруваат“, се вели во извештајот на Фондот.

Во првата половина на 2019 година вкупно се исплатени 6 штедачи во вкупен износ од 44,3 илјади денари. Сите исплатени штедачи биле депоненти на Македонска банка а.д. Скопје во ликвидација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Депонентите во Еуростандард банка ќе се обесштетуваат преку Стопанска банка Скопје, Комерцијална, НЛБ и Халк банка

Народна банка: Заштитен е имотот на Еуростандард банка, трансакциите за сметки до 12 август ќе бидат реализирани

Душко Тодевски назначен за стечаен управник на „Еуростандард банка“, прво рочиште на 8 октомври

Најголеми жртви на пропаста на Еуростандард банка се над 160 вработени коишто ќе останат на улица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 198 случаи на Ковид-19 од 1.996 тестови, 31 се реинфекции

Редакција

Се санираат штетите од поројниот дожд и поплавите во Долнени, Тетово и Виница

Редакција

Наградени најдобрите учеснички во „Предизвик за средношколки“, проект на ЕВН Македонија

Редакција