еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

ДУИ и Али Ахмети засекогаш?

Демократската унија за интеграција (ДУИ) повторно ќе биде дел од Владата и во наредните четири години, со што станува политички субјект којшто е убедливо најдолго на власт во земјава.

Демократската унија за интеграција е формирана на 5 мај 2002 година во Тетово, три месеци пред одржувањето на парламентарните избори во 2002 година од јадрото на Ослободителната Народна Армија (ОНА), која во 2001 отпочна вооружен конфликт против власта во Република Македонија.

На овие избори ДУИ освои 12,2% од гласовите (околу 55% од гласовите на етничките Албанци) и се профилира како најголема партија помеѓу партиите на етничките Албанци во Република Македонија. По изборите, ДУИ влезе во владината коалиција заедно со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и со Либерално демократската партија.

На парламентарните избори во 2006 година ДУИ настапи во коалиција со Партијата за демократски просперитет и Демократската лига на Бошњаците. Оваа коалиција освои 12,2% од гласовите и извојува победа над Демократската партија на Албанците помеѓу албанскиот електорат во Република Македонија.

Тоа по изборите за ДУИ беше главниот аргумент да инсистира да биде вклучена во новата влада, но мандаторот Никола Груевски одлучи во својата владина коалиција да го вклучи својот традиционален партнер ДПА. Но краток беше престојот во опозиција.

Извор: Википедија

На парламентарните избори 2008 година ДУИ освои 12,8% од гласовите и влезе во владината коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ. На следните парламентарни избори во 2011 година, ДУИ повторно освои најголем процент од гласовите на албанскиот електорат во Република Македонија (10,2% од гласовите) и продолжи да биде дел од владината коалиција на ВМРО ДПМНЕ.

И на последните избори ДУИ доби најголема поддршка од гласачите меѓу албанските партии.

Карактеристично е што ДУИ е единствена партија во Македонија која од основањето до денес нема промена на лидерот. Али Ахмети со тоа станува редок феномен во домашната, но и меѓународната политика.

Уште една карактеристика е дека тој ниту еднаш не бил дел од извршната власт и секогаш конците ги влече од позадина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„РИП финансии и МНР„: Твитер реакции за договорот на СДСМ и ДУИ да прават влада

(Видео) Се укинува техничката Влада: Премиер на ДУИ во последните 100 дена

(Видео) СДСМ и ДУИ се договорија за нова Влада: Зоран Заев ќе биде премиер

Користени материјали од Википедија/Фото: Фејсбук/Ахмети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија „протнати“ генетски модифициран ориз и соини шницли

Редакција

Пет нови случаи на корона вирус, четворица од Дебар една од Скопје

Редакција

Одговор „тежок и во корист на Русија“: Захарова со закани кон земјите кои протераа руски дипломати

Редакција