еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Адвокатот на Боки 13, Дуковски: Знаевме дека ќе биде вака брутална казната, но оваа пресуда најмалку се заснова на докази

Денешната пресуда беше очекувана од почетокот на овој судски процес. Знаевме дека ќе биде вака брутална казната и оваа пресуда најмалку се заснова на докази, изјави по објавувањто на пресудата за „Рекет“, бранителот на неправосилно осудениот Бојан Јовановски, адвокатот Сашко Дуковски.

Тој посочи дека немало изготвено вештачење, а судот во образложението на вина се повикувал на некои докази.

– Мене навистина не ми е јасно на какви докази, но тоа е тоа. Овдека не завршува нашата борба и мислам дека е не фер, кога на крај беше спомнато дека во судот во Стразбур била одбиена времената мерка, требаше да дополни судијата дека навистина е одбиена, но прифатена е апликацијата, изјави Дуковски.

Во однос на тоа дали обвинителството докажало каде завршиле парите, Дуковски, рече дека има снимка на која три секунди се гледаат пари, а после тоа еден лик носи ташна, како да е перо во рака.

– Дали знаете дека најобичните предмети ширум судовите во Република Македонија за најобичен поткуп од 50 евра на сообраќаен полицаец се обележуваат парите и се фаќа. Дали мислите дека, доколку тоа навистина така се случило Бојан Јовановски не би бил снимен од камерите и веднаш уапсен.

Ова е една конструкција од самиот почеток, со голема помош на соизвршителот кој влегува и излегува од притвор кога сака и како сака. Се применуваат апсолутно двојни аршини, изјави Дуковски.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русковска: Апсолутно не сум задоволна со пресудата за Бојан Јовановски

Парите барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, и порача Боки 13 на судијката Николовска-Масевска

Сите детали: Освен затворска казна од 9 години, на Боки 13 ќе му се конфискуваат и 12 илјади евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И без пропустите оградата на автопатот не би го задржала автобусот, тврди вештак на судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Кој сè е акционер во Жито Полог, кој го презеде Орка холдинг

Редакција

Се што треба да знаете за „Спутник V“, руската вакцина која пристигна и во Македонија

Редакција