Продолжува да расте бројот на здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, регистрирани се 69 случаи на заболување меѓу здравствени работници, заклучно со податоци до 6.април.
До 5. април имаше 63 случаи, а до 3. април бројот на здравствени работници, заболени со вирусот беше 57.
Познато е дека позитивни на коронавирусот се здравствени работници од болници во Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Гостивар, Тетово и Скопје.
Заболени здравствени работници има од Клиниката за кожни болести во Скопје, Клиниката за кардиологија во Скопје, Клиниката за инфективни болести во Скопје, Итната медицинска помош во Скопје, Здравствен дом Скопје, Завод за рехабилитација Скопје, болницата во Куманово, приватната болница „Плодност“ во Битола, Педијатриската амбуланта во Дебар, болницата во Кавадарци, болницата за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок, Поликлиниката Чаир, Скопје, болницата во Прилеп, болницата во Гостивар…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Мапа) Детален преглед: Број на заболени со коронавирусот по градови
Детален преглед: 18 лица од новозаболените имале контакт со потврден случај на коронавирусот
Прв функционер во Македонија: Градоначалникот на Чешиново-Облешево позитивен на коронавирус