еМагазин
Image default
Локално

Двајца браќа заболени од Ковид-19 со лажни ПЦР-тестови сакале да ја напуштат државата преку скопскиот аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против двајца браќа од Сарај, на возраст од 24 и 26 години, заради кривични дела – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија и фалсификување исправа.

„Иако со решение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат од 5 април на двајцата обвинети им била определена задолжителна изолација и лекување во домашни услови како потврдени случаи на заболени од Ковид-19, тие на 7 април со лет од Меѓународниот аеродром Скопје се обиделе да ја напуштат државата.

Притоа пред овластените службени лица на аеродромот прикажале лажни потврди за негативен ПЦР тест за коронавирусот, наводно изработен од лабораторија во Скопје на истиот ден кога всушност добиле позитивен резултат.

Иако знаеле дека таков сертификат не им е издаден од наведената лабораторија, тие сепак потврдите ги употребиле како вистинити, со што сториле две кривични дела.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје секое од сторените кривични дела да го санкционира со парична казна од по 50 дневни глоби во вредност од по 40 евра, односно на двајцата сторители да им изрече единствени парични казни од по 90 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 40 евра во денарска противвредност“, соопшти Обвинителството.​

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кичевчанец пронашол три бомби во пластична кофа оставена на улица

Редакција

(Галерија) Свети Николе го има најголемото велигденско јајце во земјава: Високо е три метри

Редакција

Тетовец приведен поради физички напад врз 18-годишната ќерка

Редакција