Двајца лекари, три медицински сестри и двајца административци од струмичката болница се позитивни на Ковид-19 и се во домашна изолација, потврди директорот на ЈЗУ „Општа болница Струмица“, д-р Наќе Гогов.
Според него, отсуството од работа на лекарите и сестрите се чувствува во секојдневното работење и тешко се организира работата на одделенијата од каде се заразените.
„Обезбедуваме персонал од другите одделенија, каде што нема позитивни. Засега успеваме, но тешко.Тие се веќе седум денови во изолација и се надевам дека бргу ќе се вратат на секојдневните обврски“, рече директорот Гогов.
Информираше дека се полнат капацитетите во болницата каде се примаат ковид-пациенти. Во дополнителниот адаптиран простор на поранешните хирурушки амбуланти има слободни само два кревети, додека капациетите на Инфективното оделение се оддамна полни.
„Доколку не почне да се намалува бројот на заразени во нашата општина, тогаш и првиот спрат од новиот болнички крак ќе го подготвиме за прием на ковид-пациенти“, додаде директорот на струмичката болница, д-р Гогов.
Инаку, од почетокот на пандемијата во Струмица се регистрирани вкупно 328 инфицирани од коронавирусот, а од нив активни се 151.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
26,1% од новозаразените со Ковид-19 се со претходни заболувања
Зголемување од 35,5%: За една недела 1.203 нови случаи на Ковид-19 од 31 градови
32 лица од новозаразените со Ковид-19 неодамна патувале во странство