Центарот за јавно здравје Куманово последниве 24 часа регистрира двајца новозаболени пациенти од Ковид 19, по еден во Општина Куманово и во Општина Липково, информираа надлежните од јавната здравствена установа.
Според соопштението од Министерството за здравство, еден пациент на возраст од 81 година, примен во болница на 3 јуни, починал во Општата болница Куманово, а во ГОБ „8 Септември“ починала пациентка на 67 години, од село Опае, Липковско, примена на 2 јуни, годинава.
Оздравен е еден пациент од Куманово.
– Денеска извршени се 61 тестирање. По „Мој термин“ 21 тестирање, 14 се извршени во Липково, согласно епидемиолошки индикации и 26 се контролни тестови од кои 25 се во Липково и еден во Куманово, изјави директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, д-р Ариф Љатифи.
Според податоците на Министерството за здравство на подрачјето на Центарот за јавно здравје Куманово вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 653, а активни случаи се 206.
МИА/Фото: Општина Куманово
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во сите скопски општини скокнала бројката на новозаразени со корона вирусот, Чаир на врвот со 306
Девет новопочинати пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 210
Нови 193 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје дури 140