еМагазин
Image default
Македонија

Два нови случаи на корона вирусот во гостиварско, еден во градот и еден во Врапчиште

Со последните тестирања за откривање новоинфицирани со коронавирусот во гостиварскиот регион има два нови случаи.

Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, на тестирањата позитивни на Ковид19 се едно лице од Гостивар и едно од Врапчиште.

До денеска вкупниот број активни случаи во гостиварскиот регион достигна 32. Во општина Гостивар активни се 15, во Врапчиште 13, во општина Маврово и Ростуше четири. Седум од заболените се лекуваат во болница, а 25 во домашни услови.

Од почетокот на пандемијата, во Гостиварско направени се 501 тестирање, а кај 54 лице имало позитивни резултати на Ковид-19. Од нив 27 се во Гостивар, 21 во Врапчиште и шест во Маврово и Ростуше.

Како последица од инфицирање со коронавирусот починаа три лица во овој регион.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите починати од корона вирусот во изминатото деноноќие имале претходни заболувања

Четириесет и шест годишна жена од Јажинце почина од корона вирусот, тетовскиот регион со нови 11 случаи

Чаир прв во Македонија по активни случаи на Ковид-19: Како изгледа бројот на заразени по скопските општини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се јави Груевски: Ципрас никогаш не побарал да разговараме за решение за името

Редакција

Куновска до Заев: Ти не можеш себе во Европа да се однесеш, а не па нас

Редакција

Висока корупција и бавна правда: Извештај на Стејт департмент за човековите права во Македонија

Редакција