еМагазин
Image default
Македонија

Два позитивни случаи на Ковид-19 во штипските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“

Во штипските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“ регистрирани се првите позитивни случаи на корона вирусот меѓу вработени. Станува збор по еден случај во двете градинки.

Директорката на градинката „Астибо“-Штип, Билјана Трајчевска за МИА ја потврдува информацијата и вели дека станува збор за воспитувачка, која по појавените симптоми на нејзиниот сопруг минатиот петок, побарале да се тестираат во приватна клиника.

Вчера се тестирале, а резултатите пристигнале синоќа, по што епидемиолозите веднаш во изолација ја ставиле нејзината колешка негувателка и 12 деца од групата.

– Станува збор за централниот објект. Вработената нема симптоми, сите работат според протоколите со маски и не се контактира со останатите групи и затоа ова не повлекува и други вработени или деца да се стават во изолација, вели Трајчевска.

Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“, Софка Атанасова вели дека кај нив е регистриран позитивен случај кај негувателка во објектот „Росица“ во населбата Ново Село.

Резултатите се добиени утринава, а нејзината колешка воспитувачка и 12 деца од групата од утре ќе бидат ставени во изолација.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео): На „ТикТок“ се фалат како минуваат патарина без пари

Редакција

Започна вакцинацијата на лицата со ретки болести

Редакција

Детали за официјалната посета на делегацијата од Грција предводена од премиерот Ципрас

Редакција