еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Дванаесетгодишно девојче почина од компликации од грип

Дванаесетгодишно девојче со церебрална парализа и мускулна дистрофија почина денеска на Клиниката за детски болести од компликации од грип, потврди д-р Владимир Микиќ, епидемиолог од Институтот за јавно здравје.

Детето пред четири дена било примено на Клиниката.

Ова е четврти смртен случај од компликации од грип.

Од Институтот за јавно здравје информираа дека измината недела починал 86-годишен човек од Скопје, кој бил хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Кај починатото лице не било утврдено присуство на коморбидитети.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

67% од новите случаи со Ковид-19 во последните пет месеци се невакцинирани

Редакција

Починаа уште тројца од корона вирусот, меѓу кои и 42-годишен пациент

Редакција

Немал претходни заболувања и контакт со потврден случај на Ковид-19, детали за починатиот пациент од Тетово

Редакција