еМагазин
Image default
Македонија

ДЗС: До сега се попишани 22.000 лица од дијаспората

Досега се попишани над 22.000 лица од дијаспората, соопшти денеска Државниот завод за статистика (ДЗС) и ги отфрли како лажни информациите во врска со апликацијата за самопопишување од странство.

„Овој период во јавноста се лиферуваа низа шпекулации и дезинформации поврзани со најважната статистичка операција. Уште еднаш алармираме да не се пласираат лажни информации дека во апликацијата можеле да се внесат 13 нули во полето за матичен број.

Ова не е возможно, ниту видовме каков било доказ или принт скрин за вакво нешто. Сакаме јавноста да знае дека апликацијата не прави никакви прилагодувања или обработка на податоците внесени од страна на попишувачите.

Внесувањето на податоците и матичниот број е одговорност на секој поединец кој пред Законот е обврзан да внесува точни и проверени податоци,“ наведува ДЗС.

Според Заводот, внесените податоци од друга IP адреса преку VPN врска на Апликацијата за самопопишување, не претставува дополнителен ризик за Апликацијата, туку одговорност за самиот попишувач.

„Ја потсетуваме јавноста дека Скеил Фокус ДООЕЛ Скопје, компанијата што ја изработи Апликацијата за самопопишување согласно Законот за попис, ја направи по светски стандарди и не може да биде одговорна за погрешно пополнети податоци од самопопишувањето.

Ова, потенцираме уште еднаш, е одговорност на самите граѓани кои ги внесуваат нивните податоци, а тоа и е утврдено со Законот“, наведува Државниот завод за статистика и уште еднаш апелира да бидеме одговорни и заеднички да придонесеме за успешен попис.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Имотната состојба на судиите и јавните обвинители ќе се проверува следната година

Редакција

Јанакиески донесен од затворот „Скопје“ на судењето за рушењето на „Космос“

Редакција

Во Дебар двајца новозразени, само овој месец 25 лица

Редакција