Во Апелациониот суд денеска треба да одржи јавна седница за жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство за кој доби две години затвор.
Груевски најави дека нема да присуствува на седницата, а на истата нема да присуствуваат и неговите адвокати. Како што изјави на вчерашната прес конференција во Собранието очекува пред референдумот за името да биде уапсен.
Додека се очекува одлуката на судот во 30 точки како изгледаше неговата политичка кариера:
-Никола Груевски е роден во Скопје на 31 август 1970 година.
-Татко му Тало потекнува од леринското село Крушоради во Егејска Македонија, денешна Република Грција.
-Мајка му Надеждае од Штип, и е сестра на првиот министер за внатрешни работи на Република Македонија, Јордан Мијалков.
-Основно и средно образование завршил во Скопје.
-Дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп.
-Од 1995-1998 година работи како директор на Одделот за „безбедност, планови и анализи“ во Балканска банка во Скопје.
-Потоа станува управник од Македонија во Светската банка и во Европската банка за обнова и развој.
-Во 1998 година станува претседател и основач на брокерската асоцијација и ја направил првата трансакција на Македонската берза.
-Магистрирал на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во декември 2006 годинаВо 1999 година, станува министер за трговија, а потоа до 2002 година е министер за финансии во владата на Љубчо Георгиевски.
-Додека е министер, по негова инцијатива се интензивира процесот на денационализација на национализираниот имот во периодот 1945-1990 година.
-Како министер за финансии, има имплементирано неколку финансиски реформи меѓу кои и воведувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ), воведувањето на фискалните сметки, кампањата „Купувајте македонски производи“, брендирана преку логото со насмеано сонце.
-Во 2003 година станува лидер на ВМРО-ДПМНЕ, заменувајќи го Љупчо Георгиевски.
-Во 2006 година станува премиер на Македонија, откако ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори.
-Како премиер, го воведе концептот на рамен данок.
-За време додека е премиер, обемот на странски инвестиции во периодот 2007–2014 година е 277 милиони евра по година.
-Просечниот економски развој во периодот 2007–2013 година, додека е премиер изнесува 2,6%.
-Додека е премиер, невработеноста се намали од 36% во 2006 на 23% во 2016 година.
-Во времето на Груевски се воведе задолжително средно образование, и се отворија два нови државни универзитети и над 20 државни факултети.
-Неговиот предлог за воведување „државен испит“ на факултетите предизвика масовни студентски протести кон крајот на 2014 година.
-Ги воведува субвенциите за земјоделството, кои тројно се зголемија во периодот 2008–2015 година, но и покрај овие мерки, во овој период двојно се зголеми увозот на храна и материјални добра.
-Бил во брак со Сузана Арбутина, од кој нема деца и со која се разведе.
-Во 2007 година се ожени со Боркица Груевска(моминско презиме Манчева), со која имаат две деца, ќерки, Анастасија и Софија.
-Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во февруари 2015 објави дека Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) по наредба на Груевски и Сашо Мијалков повеќе години незаконски прислушувала над 20 илјади граѓани, по што неговата премиерска функција почнува да се ниша.
-Како резултат на т.н. „бомби“ на СДСМ, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори неколку случаеви во кои е обвинет и осомничен.
-Меѓу другото според „бомбите“ и СЈО наредил рушење на објектот „Космос“ поради политичка одмазда кон бизнисменот Фијат Цаноски, дека нарачал претепување на градоначалникот на општина Центар,Андреј Жерновски, како и демолирање на општинската зграда, дека преку МВР тајно купил луксузно возило „Мерцедес“ од 600 илјади евра…
-По договорот од Пржино од јули 2015 година, Никола Груевски поднесе оставка на премиерската функција на 15 јануари 2016 година, која беше усвоена во Собранието на Република Македонија на 18 јануари 2016 година, кога и беше изгласана преодната влада, предводена од Емил Димитриев.
-Во април 2016 година со „Актот за општа Аболиција“ од страна на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, Груевски беше аболициран пет пати по различни основи.
-По парламентарните избори во декември 2017 година, иако неговата партија освои најмногу гласови, не успеа да формира влада и ВМРО-ДПМНЕ замина во опозиција.
-На 1. декември 2017 година најави оставка, по што се повлече од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ/користени материјали од Википедија и неговата официјална биографија