По неколку недели жители на липковско Слупчане повторно не ги пуштија екипите на ЕВН да влезат во селото за да ги извадат броилата од нивните домови и да ги постават надвор пред куќите, за да може компанијата да има контрола врз нив и да спречи злоупотреба на мрежата и крадење струја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Во Слупчане ќе плаќале струја ако сметките биле помали од 3.000 денари
Жители на Слупчане уништија трафостаници и оставија без струја шест села
Жители на Слупчане уништија трафостаници, оставија без струја шест села и меѓудругото бараат да им се простат старите долгови и наместо редовна сметка, врз основа на податоците од струјомерите, да плаќаат месечен паушал од 3.000 денари, без оглед колку струја потрошиле.
Слупчане е топ тема на Твитер, а еве дел од твитовите:
Ќе им каже некој на овие од слупчане дека тито одамна е умрен..
— Росана (@K0l0voz) July 26, 2023
Слупчане бара највисока сметка за струја да биде 3.000 денари, а за џамиите да биде бесплатно.
Џамиите: pic.twitter.com/s4Cviswdbo
— Edgelord Messiah (@diridj) July 26, 2023
Зборот на Бектеши за Слупчане траеше 20 дена🤷♂️ pic.twitter.com/bOhrJbP7mL
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) July 26, 2023
Крушевска република 1903
Слупчане 2023— Јепир (@jepirovski) July 26, 2023
Наплати ми колку за 4 фамилии у Слупчане и еве ти 600 денари за чоколадо да се облажиш малку pic.twitter.com/1CxzvDPLOD
— 100Marki (@100deutschemark) July 26, 2023
13-те барања на слободната територија Слупчане до ЕВН компанија на земја членка на Нато.
⬇️⬇️⬇️⬇️ pic.twitter.com/ovnxAvHYsi— Iznogoud (@Orest29992620) July 26, 2023
Замисли влагаш у Тинекс и им викаш ја сум од Слупчане, сметкава макс. 3 иљадарки ке ја куцаш, разбра?
— Бапчо (@TheFitzzz) July 26, 2023
Тие се Брена и Слупчане 🙌🏻 https://t.co/VwGhHYNWTD
— Росана (@K0l0voz) July 26, 2023