еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе нуди ли и Македонија ваучери и пари, како Србија за да се вакцинираме

Србија има и повеќе од доволно вакцини против Ковид-19, ама полека спласнува интересот за вакцинирање, кој како и во многу други земји низ светот е далеку од очекуваниот.

Па српските власти решија, како што деновиве информираше претседател Александар Вучиќ на сите граѓани кои ќе се вакцинираат до 31 мај или веќе се вакцинираа да добијат еднократна парична помош од 3.000 динари.

„Ова можеби ќе биде мотив и за оние кои сè уште не се одлучиле дали да се вакцинираат. Но, бидејќи немаме начин како да воведеме мерки за оние кои одбиваат да се вакцинираат, редно е да ги наградиме тие кои покажаат одговорност и свесност,“ изјави Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Би-Би-Си: На Србите им се нудат вол на ражен, ваучери, колачи, пијалоци,… за да се вакцинират

(ВИДЕО) Хаос во белградскиот трговски центар „Ушче“ по најавата дека граѓаните ќе добијат ваучер, ако се вакцинират

Во мотивацијата за вакцинирање како што пренесуваат српските медиуми се вклучија и претприемачи кои им нудат на вакцинираните бесплатен ручек, колачи, пијалоци, финансиски стимулации за вработените, а некои трговски центри делат ваучери за оние што ќе се вакцинираат во тие објекти.

До пред извесно време во Македонија немаше доволно вакцини, па реално не можеше да се процени интересот за вакцинирање кај нас, но сега полека се менуваат работите. Вакцините пристигнуваат, а процентот на лицата кои се пријавиле, а не отишле да се вакцинират не е мал и не е за потценување.

Според денешните бројки објавени на kovid19vakcinacija.mk, официјалната страна за вакцинација на Министерството за здравство во Македонија досега барем една доза вакцина примиле 74.076 граѓани, а интерес за вакцинирање пројавиле 256.346 граѓани, што е далеку од посакуваниот.

Периодов треба да следи и засилена кампања за вакцинирање, но прашање е колку таа ќе ги разубеди граѓаните да се вакцинираат.

Властите сериозно треба да му пристапат на овој проблем, за на крај да не почнеме и ние да донираме вакцини. Секако во негово решавање за општо добро треба да се вклучи и секој од нас.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Договорот со Фронтекс останува непотпишан поради непризнавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија

Редакција

Oд полноќ изборeн молк: Завршува изборната кампања

Редакција

Починаа нови осум пациенти од корона вирусот

Редакција