еМагазин
Image default
Бизнис

Ќе паѓаат ли цените: Повластената стапка ДДВ за продажба на нови станови до 2023 година

За пет години се пролонгира рокот за повластена стапка од пет проценти за станови во прва продажба, со предложените измени на Законот за данокот на додадена вредност за кои денеска треба да расправа собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Според предлог законот, рокот за повластената стапка се пролонгира до 31 декември 2023 година.

На дневен ред на седницата се измените и дополнувањата на законите за супервизија на осигурувањето, за финансиската полиција, за игрите на среќа, во прво читање, измените на Законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за финансирање на Проектот за изградба и модернизација на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје и Регионалната клиничка болница во Штип, во прво читање.

Членовите на Комисијата треба да расправаат и за Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот ХЕ Бошков мост кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и АД ЕЛЕМ, во прво читање, Годшниот извештај за извршените ревизии и за работењето на Државниот завод за ревизија во 2017 година и Финансискиот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2017 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одлучи во корист на штедачите на Еуростандард банка: Уставен суд го укина членот 163 од Законот за банки

Редакција

Ќе се стави ли крај на измамите на туристите: Државата ја засилува контролата врз туристичките агенции

Редакција

Колку изнесува највисоката бруто-плата во октомври

Редакција