Министерот за здравство, Венко Филипче денеска информираше дека ќе бидат отворени уште два нови пункта за тестирање од корона вирусот, во поликлиниките во Чаир и Јане Сандански.
Заради зголемените потреби за тестирање, ќе биде регрутиран и кадар кој веќе знае како да зема брисеви, да изврши епидемиолошка анкета и слично.
Од утре ќе биде отворен кол-центар со појачан капацитет на стручни лица, за да може да прими повици од зголемен број на граѓани кои деновиве масовно се јавувале во Центрите за јавно здравје, но тие не можеле да одговорат, заради зголемениот обем на работа.
Денеска, според Филипче, биле исконтактирани сите кои побарале помош.
Филипче очекува зголемен број на заболени, бидејќи според информациите на Светската здравствена организација (СЗО) изминатите 12 дена имало 100.000 новозаболени, како што имало ист толкав број во изминатите три месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Респираторни машини има, новата набавка заглави во Бразил но ќе пристигнат од Кина
Вкупно 70 заразени од корона вирусот: Жената од Дебар е во критична состојба