еМагазин
Image default
Македонија

Ќе се прогласи ли кризна состојба: Советот за безбедност ќе заседава за актуелната ситуација со Ковид-19

Советот за безбедност на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница на која ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на државата, како и за мерките и активностите на надлежните институции.

На десеттата седницата, што ќе се одржи напладне во „Вила Водно“, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.

Последната седница на Советот за безбедност беше на 29 октомври. Тема и тогаш беше состојбата со Ковид-19.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителката Русковска: Собранието нека му ја мисли ако избегаат Вељаноски и Димовски

Редакција

Сè уште не се знае дали Џафери денеска ќе биде избран за претседател на Собранието

Редакција

ДУИ е за предвремени парламентарни избори, но во април 2024, заедно со претседателските

Редакција