еМагазин
Image default
Бизнис

Ќе се проверува потеклото на капиталот на концесионерот за рудникот Иловица

Премиерот Зоран Заев денеска од собраниска говорница, одговарајќи на пратеничко прашање рече дека ќе побара од надлежните институции да се провери потеклото на капиталот на компанијата која ја имаше концесијата за рудникот Иловица.

Пратеникот Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ го праша премерот Заев дали институциите кои што се под надлежност на Владата, Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и Агенцијата за финансиско разузнавање, од април минатата година до крајот на оваа година извршиле истрага за потеклото на капитал на Галена, која го има под концесија рудникот Иловица.

-Потеклото на капиталот на самите фирми, јас ќе побарам и од УЈП и од финансова полиција, како институции под Владата, да биде проверено, рече Заев потсетувајќи дека согласно нашиот закон од 2018 офшор компанијата е должна да го објави својот сопственик.

Ако има индиции за какви било незаконски дејствија, спомнувате офшор компании, да се проверат таквите компании. Ние со тој правен субјект немаме во моментот ништо освен правно формално правни постапки, досега судски, сега владини постапки, дополни Заев.

На седницата тој соопшти дека вчера второстепената владина комисија повторно ја потврдила одлуката за укинување на концесијата за рудникот Иловица. Заев потсети дека инвестицијата во рудникот Иловица е почната во време кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ и оти не се завршени најголем дел од обврските кон државата.

-Бидејќи Иловица исполнила само две, а осум од бараните законски обврски не исполнила државата донесе одлука да ја укине концесијата и договорот со компанијата. Тие како инвеститори имаа право да го обжалат тоа на второстепената комисија изгубија, тужеа на Виш управен суд и на Управен суд.

Од формална природа е вратен предметот на повторно одлучување во второстепена комисија и вчера второстепената комисија повторно ја потврди својата одлука дека концесија за Иловица нема затоа што и не може да има.

Второ, многу е значаен и еколошкиот апскет, но, пред се , нема и ќе нема затоа што не се исполнети правните законски обврски за да има концесија за Иловица, рече премиерот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Руд-коп“ го доби тендерот на ЕСМ за помошна механизација на повик вреден 694.000 евра

Редакција

Прилепски „Мермерен комбинат“ неколкукратно ја зголеми добивката

Редакција

Уште 118 компании со 1.116 вработени ќе користат бескаматни кредити од првиот пакет економски мерки

Редакција