еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе станат ли Велес и Тетово нови жаришта на коронавирусот?

Може ли Тетово и Велес да станат новите жаришта на коронавирусот во Македонија? Последниве денови таму се регистрира значителен раст на новозаболени од вирусот.

Вчера во Тетово беа регистрирани 12, а во Велес 6 новозаболени од Ковид-19.

Според податоците на Министерството за здравство, во Тетово има вкупно 108 заразени, од кои активни се 53, а во Велес има речиси идентичен број на заболени, 107,од кои активни се 51.

Министерот за здравство, Венко Филипче, пред неколку дена изјави дека ситуацијата во Велес е под контрола, а неговиот заменик Арменд Аслани пак вели дека кумулативната инциденца во Тетово е ниска за да Општината се смета за ново жариште.

Кумулативната инциденца го покажува бројот на заболени на 100 илјади жители.

“Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 285,9 заболени на 100.000 жители, Дебар (183,8/100.000), Прилеп (181,5/100.000) и Велес (161,5/100.000), додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Струга, Скопје, Штип, Кочани, Тетово и Пехчево“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно 8. мај, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 107: Во Велес шест новозаразени со коронавирусот

Филипче: Велес не е ново жариште, ситуацијата е под контрола

Раст: 36 нови случаи на заболени со коронавирусот, најмногу во Тетово

Еве како изгледа состојбата со кумулативната инциденца по градови:

Фото: Факултет за ветеринарна медицина/Мапа: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонски бран“: На граничниот премин „Богородица“ за излез се чека до половина час

Редакција

Денеска врнежливо време, наместа со пороен дожд, од четврток постабилно и потопло време

Редакција

Трагедија: Едно лице почина во пожарот во продавница кај „Рамстор мол“

Редакција