еМагазин
Image default
Македонија

Еден обвинет за пронајдени дрога, оружје и муниција во гаража во Сингелиќ

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 27 – годишен жител на Сингелиќ, кој се товари дека во соизвршителство ги сторил кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик, информираат од таму.

„Обвинетиот заедно со неговиот брат, кој е недостапен на органите на прогонот и за кого на 30 декември 2020 година беше поведена истражна постапка, во помошна просторија – гаража во семејната куќа, во вградени специјални бункери во бетонскиот носач, неовластено држеле вкупно  6.451,27 грама хероин, како и 915 грама кокаин.

Дрогата била спакувана во различни пакувања и полиетиленски ќеси. При претресот, во бункерот било пронајдено и оружје и муниција од поголемо количество и тоа вкупно 235 куршуми во различен калибар, еден пиштол марка HS  со една рамка со 16 куршуми, како и еден револвер марка Магнум 357 со рамка со шест куршуми,“ се вели во соопштението.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советот на јавни обвинители едногласно одлучи да почне постапката за разрешување на Јанева

Редакција

Анестезиолог „тик-токер„ може да остане без лиценца за работа седум години

Редакција

(Видео) Незаборавни улоги на Ванчо Петрушевски

Редакција