На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга на 58- годишна возраст и пациент од Скопје на 47-годишна возраст и двајцата долго време поставени на механичка вентилација, информираа вчера од Министерството за здравство.
Во ГОБ „8 септември“ пак почина пациент од Тетово на 41-годишна возраст, хоспитализиран на 19 мај.
Детали за починатите соопшти и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Пријавени се 3 смртни случаи. Случаите се на возраст од 41-58 години, сите хоспитализирани со присутни симптоми.
Случаите биле хоспитализиран во КИБФС и ГОБ 8-ми септември каде и починале.
Еден од случаите имал пропратни коморбидитети (хронична/здравствени состојби,н.з.), а два имале контакт со потврден случај.
Починатите се без историја на патување“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.
Вкупната бројка на до сега починати од корона вирусот е 119.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Бутел шест, двајца во Чаир: Од кои скопски општини се новозаразените со корона вирусот
Фото: Кабинет на претседателот