еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Еден од повредените работници во Макстил на КАРИЛ, тројца на домашно лекување

Еден од четворицата повредени работници во несреќата што се случи изутрина во фабриката „Макстил“ во Скопје е згрижен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ и е во стабилна состојба, а другите тројца се пуштени на домашно лекување.

Од истекување течен метал во челичаната избувнал пожар, кој е изгаснат, а на терен постапува Државниот трудов инспекторат, информираа надлежните институции.

-Во СВР Скопје во 07:53 часот е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ се донесени Н.Н.(45), Е.В.(27), С.С.(48), сите од Скопје и Б.М.(35) од скопско, кои се здобиле со повреди на работно место, во „Макстил“. Од четворицата повредени, еден е потешко повреден и е згрижен на КАРИЛ, а другите тројца се пуштени на домашно лекување, информираа за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Во гаснењето на пожарот интервенирале 12 пожарникари од Единицата за противпожарна заштита на град Скопје.

– Во седум часот е примена дојава од Макстил за истекување течен метал од челичаната. Интервенирано е со четири возила и 12 пожарникари. Интервенцијата заврши во 8: 40 часот, изјави за МИА командантот на Единицата за противпожарна заштита на град Скопје Владимир Симоновски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четворица работници на Макстил се повредени, дошло до прскање на течен челик

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

17-годишното момче со аутизам било врзано со фиксатори заради агресивност, инспекторите не утврдиле пропусти во болницата во Демир Хисар

Редакција

Доктор Николов: Ако не ја забрзаме вакцинација, ризикуваме четвртиот бран да биде голем и да имаме зголемен број на починати

Редакција

Звукот од петарди предизвикува трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот

Редакција